Рекорден награден фонд на Европското атлетско првенство 2028
Објавено на:
Рекорден награден фонд на Европското атлетско првенство 2028
Европското првенство во атлетика во 2028 година во полскиот град Хожов ќе има рекорден награден фонд од 3,5 милиони евра, објави денеска Европската атлетска федерација. Парични награди за прв пат во историјата на европските првенства ќе им бидат доделени на спортистите кои ќе освојат едно од првите осум места во сите 50 дисциплини. Освојувачите на златен медал ќе заработат 30.000 евра, сребрениот медал ќе донесе 15.000, а паричната награда за бронзениот медал ќе изнесува 10.000 евра.…