КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора
Објавено на:
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 септември. Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора. Минодора, Митродора и Нимфодора беа сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија. Беа воспитани во христијански дух. Кога пораснаа, сите се повлекоа од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистија и се смирија себеси, што Бог ги украси со дар на чудотворство. За тоа набргу се дозна, па почнаа да им…