Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
Објавено на:
Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
Поранешниот припадник на ОВК, Фадиљ Пушколи, синоќа бил приведен на граничниот премин Блаце при влез во Македонија, објавија косовските медиуми. Според Пушколи, приведувањето било поврзано со потерница издадена од српските власти и со неговото поранешно членство во ОВК. Тој преку својот профил на Фејсбук побарал помош од институциите во Косово. Неколку часа подоцна Пушколи соопштил дека, по разговор и испрашување од македонската полиција, бил пуштен на слобода. Тој ѝ се заблагодарил на…