При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
Објавено на:
При претрес во Скопје пронајдени дрога и фалсификувани банкноти
На 22.09.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода Е.К.(46) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага и 20 фалсификувани банкноти од 100 денари. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава соопшти МВР.