Погоден товарен брод во Ормускиот Теснец
Оваа сторија ја покриваат 3 извори:
Погоден товарен брод во Ормускиот Теснец
Товарен брод денеска беше погоден од непознат проектил додека пловел низ Ормускиот Теснец, при што загинаа двајца членови на екипажот, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции УКМТО (UKMTO). Според информациите објавени од УКМТО, по нападот избувнал пожар на бродот, по што тој останал да плута без контрола. Останатиот дел од екипажот е целосно евакуиран. The post Погоден товарен брод во Ормускиот Теснец appeared first on Нова Македонија .
СО РАКЕТА ПОГОДЕН ТОВАРЕН БРОД ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Двајца загинаа, бродот се запали
Нема извештаи за последици врз животната средина од нападот. The post СО РАКЕТА ПОГОДЕН ТОВАРЕН БРОД ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Двајца загинаа, бродот се запали appeared first on plusinfo.mk .
Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
Британскиот центар за поморски трговски операции (УКМТО) денеска соопшти дека во Ормуска Теснина е погоден товарен брод од неидентификувана ракета. УКМТО соопшти дека во нападот загинале две лица, а екипажот е евакуиран. Бродот откако бил погоден се запалил и пловел без струја. Нема извештаи за какви било последици врз животната средина од нападот. (МИА)