Едукативна активност под мотото „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“ во Пехчево
Објавено на:
Едукативна активност под мотото „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“ во Пехчево
Општина Пехчево, во соработка со Одделението за внатрешни работи (ОВР) Берово и ОЈУДГ „7-ми Септември“ – Пехчево, реализираше успешна едукативна активност под мотото „Денес учиме да бидеме безбедни во сообраќајот“. Настанот беше наменет за децата од најголемата група на возраст од 5 до 6 години, со цел уште од најрана возраст да се соочат со основните правила за безбедност на патиштата. Преку разговор, интерактивни игри и практични примери, децата на интересен и за нив разбирлив начин научија…