Задутре попладне и вечерта дожд, наместа пообилен
Објавено на:
Задутре попладне и вечерта дожд, наместа пообилен
Под влијание на циклонска активност, в петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 л/м²), вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.