ПАМЕТНИ ОЧИЛА ЗА ТАЈНО СНИМАЊЕ ЖЕНИ: Нивната „судска цена“ во Франција е 45.000 евра и две години затвор за снимки на интернет
Објавено на:
ПАМЕТНИ ОЧИЛА ЗА ТАЈНО СНИМАЊЕ ЖЕНИ: Нивната „судска цена“ во Франција е 45.000 евра и две години затвор за снимки на интернет
Француски обвинители покренаа истрага за употреба на таканаречените паметни очила за тајно снимање жени и објавување на снимките на интернет. Секој од сторителите се соочува со затворска казна од две години и парична казна од 45.000 евра, соопштија денеска за ДПА правосудните органи во Париз. Претходно, неколку жени поднеле пријави за повреда на приватноста, се наведува во соопштението. Паметните очила се очила опремени со камера и микрофон и изгледаат слично како обичните очила.…