ТЕМПЕРАТУРАТА ПАДНА ПОД НУЛАТА: Еве каде утринава беше најстудено
Објавено на:
ТЕМПЕРАТУРАТА ПАДНА ПОД НУЛАТА: Еве каде утринава беше најстудено
Во Берово изутринава се измерени -2 степена, а на Попова Шапка 0. Најтопло, пак, е во Гевгелија со 12 и во Скопје со 7 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.