Ален Рустемовски го загуби полуфиналето на ЕП во Софија
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
Ален Рустемовски го загуби полуфиналето на ЕП во Софија
Македонскиот боксер во полуфиналето загуби од Аидер Абдураимов од Украина, боксер кој ја користи познатата кубанска школа. И покрај поразот, македонскиот боксер го оствари убедливо најдобриот резултат во својата кариера на европските првенства, откако обезбеди место меѓу најдобрите четворица на континентот. Рустемовски вчера со победата во четвртфиналето си обезбеди место во полуфиналето, со што веќе […] The post Ален Рустемовски го загуби полуфиналето на ЕП во Софија appeared first on МКД.МК .
ЕП ВО БОКС: Бронзен медал за македонскиот боксер Ален Рустемовски, во полуфиналето загуби од Украинецот Аидер Абдураимов
Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да избори финале на Европското првенство во бокс во Софија. Тој во денешната полуфинална борба загуби на поени со 4:1 од Украинецот Аидер Абдураимов. За Рустемовски ова е секако голем резултат бидејќи веќе испиша историја со пласман во полуфиналето бидејќи обезбеди бронзен медал. Ова е негов најдобар резултат во кариерата, откако пред еден месец освои бронзен медал и на Медитеранските игри во Таранто. Фото: МОК