Од локална идеја до заедничка одлука: гласајте за еден од трите проекти во „Иднина која инспирира“ на dm
Објавено на:
Од локална идеја до заедничка одлука: гласајте за еден од трите проекти во „Иднина која инспирира“ на dm
Секоја заедница најдобро знае што ѝ недостига – почиста околина, уреден простор за дружење или место каде што луѓето можат да учат, создаваат и да се поврзуваат. Токму од вакви конкретни локални потреби произлегуваат трите проекти во финалниот избор на „ Иднина која инспирира “. До 27 септември 2026 година, граѓаните можат да изберат меѓу „Силата е во младите“, „Природа што нè поврзува“ и „Простор за раст – функционален центар создаден од граѓаните“ и со својот глас да придонесат еден од нив…