Букефал има пет нозе на новиот билборд што го постави Ѓорѓиевски за „Добредојде во Скопје“
Објавено на:
Букефал има пет нозе на новиот билборд што го постави Ѓорѓиевски за „Добредојде во Скопје“
Левица денес реагира дека на новиот билборд за „Добредојдовте во Скопје“ што синоќа го постави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, коњот Букефал од споменикот „Воин на коњ“ има пет нозе, додека црквата е непозната за скопјани и наликува на храмот Св.Сава од Белград. „На местото на запуштениот билборд, за чија запуштеност и претходно сме реагирале, не беше поставено пристојно, осмислено и професионално решение, туку нова визуелна брука. Отстранувањето на претходната руина не е алиби за поставување…