Ги нападнала своите родители, приведена жена од Струмица
Објавено на:
Ги нападнала своите родители, приведена жена од Струмица
На 24.09.2026 во 21:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода В.Т.(46) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнала нејзините родители. Таа е задржана во Полициската станица Струмица. За настанот е запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.