ГРК Охрид руинирано против РК Прилеп
Објавено на:
ГРК Охрид руинирано против РК Прилеп
Составот на ГРК Охрид ја забележа третата победа во низа во Суперлигата. ГРК Охрид немаше никаков проблем во мечот со Прилеп кој го добија со 34:18. Ова беше соочување во кое фаворитот издоминира и го спушти противникот во двете полувремиња на едноцифрен број на дадени голови или поточно по девет. Првите 30 минути завршија со резултат 18:9, вторите со 16:9. Сега Охрид заедно со Еурофарм Пелистер се на делба на првото место на табелата.