Лавров и шефот на дипломатијата на ОАЕ разговараа за кризата во Персискиот Залив
Објавено на:
Лавров и шефот на дипломатијата на ОАЕ разговараа за кризата во Персискиот Залив
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска телефонски разговараше со својот колега од Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, при што главна тема била состојбата во Персискиот Залив и во Ормуската Теснина. Според информациите на руската државна новинска агенција ТАСС, двајцата министри разговарале и за потребата од итен прекин на воените дејствија во регионот.