Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
Објавено на:
Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс
Македонските кикбоксери со фантастичен успех го завршија настапот на Светското првенство за јуниори во Лидо ди Језоло, Италија. Нашата репрезентација освои вкупно пет медали – три златни и два бронзени. Последниот натпреварувачки ден донесе уште две светски титули за Македонија. Калин Бабоски победи во финалната борба и го освои златниот медал, а на највисокото место на победничкиот подиум се искачи и Томи Андонов, кој исто така славеше во своето финале. Со тоа тие му се приклучија на Глигор…