„Малага“ остана без тераса: Општина Центар ја отстрани конструкцијата од „Даме Груев“
Објавено на:
„Малага“ остана без тераса: Општина Центар ја отстрани конструкцијата од „Даме Груев“
Општина Центар ја отстрани металната конструкција кај слаткарницата „Малага“ на улицата „Даме Груев“, со што е демонтирана терасата која подолг период се наоѓаше на пешачката површина. Од Општината информираат дека со интервенцијата просторот повторно е ослободен и пешачката патека е достапна за непречено движење. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, порача дека јавните површини треба да останат достапни за сите граѓани. „Го расчистивме просторот и го вративме на пешаците, на кои им…