Хаос во Тетово: Гори плац за хаварисани возила, граѓаните повикани да останат дома
Објавено на:
Хаос во Тетово: Гори плац за хаварисани возила, граѓаните повикани да останат дома
Пожар избувна на плац за хаварисани автомобили во Тетово, зафатувајќи гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови се борат со пламенот, додека жителите се вклучени во напорите за заштита на околните згради. Пожарникарите велат дека бензинска пумпа на „Макпетрол“ во близина на местото на пожарот е обезбедена и моментално е надвор од опасност. „Ова е малку поголем пожар бидејќи во пожарот горат гуми, како и други работи во автомобил. Се подразбира дека има и експлозии…