МЗТ Скопје Аеродром по деветти пат го освои Суперкупот
Објавено на:
МЗТ Скопје Аеродром по деветти пат го освои Суперкупот
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во саботата во спортската сала во Куманово го освоија пехарот во Суперкупот „Драган Василов – Цевка“, откако играчите предводени од тренерот Васко Атанасов славеа против МКК Куманово со конечен резултат 70:68. Во последната четвртина следуваше ново одвојување. МЗТ Скопје Аеродром стигна до 64:51, а три минути пред крајот имаше и 68:58. Куманово, сепак, не се предаде. Домашниот состав со серија во финишот успеа да се врати во мечот и да стигне до 68:70.…