Запалил сува трева во својата нива, па предизвикал пожар: 75-годишник ќе се соочи со пријава
Објавено на:
Запалил сува трева во својата нива, па предизвикал пожар: 75-годишник ќе се соочи со пријава
На 24.09.2026 во 18:45 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Б.К.(75) од Кавадарци затоа што кај место викано „Бегово Поле“, атар на село Дреново, кавадаречко, во сопствена нива запалил сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил дрва во соседните ниви. Повредени лица нема, а пожарот тој сам го изгаснал. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.