Швајцарија не прегази уште во првото полувреме, поведе со 2:0
Објавено на:
Швајцарија не прегази уште во првото полувреме, поведе со 2:0
Доминација на Швајцарците во првите 45 минути на вечерашниот дуел со македонската фудбалска репрезентација во 1. коло од Б-дивизјата на Лигата на нации. Гостите на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје на полувреме водат со 2:0 со головите на Фројлер и Амдуини. Македонците само еднаш се заканија преку Матеј Гаштаров кој шутираше над голот на Швајцарците. Од друга страна, Швајцарија имаше уште неколку убави шанси, но голманот Столе Димитриевски спречи поголемо нивно водство. (МИА)