Мбапе надвор од теренот две недели поради повреда на коленото
Објавено на:
Мбапе надвор од теренот две недели поради повреда на коленото
На напаѓачот на Реал Мадрид и Франција, Килијан Мбапе, му е дијагностицирана хиперекстензија на задниот дел на левото колено, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Според „АС“, напаѓачот ќе отсуствува приближно две недели. Затоа, Мбапе ќе ги пропушти двата натпревари на Франција од Лигата на нации против Белгија (28 септември и 5 октомври) и натпреварот против Италија (2 октомври), но би требало да биде подготвен за враќањето на клупскиот фудбал по паузата за репрезентативни натпревари.…