Приведени 4 лица, еве што најде полицијата кај нив
Објавено на:
Приведени 4 лица, еве што најде полицијата кај нив
На 26/27.09.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.Б.(40) и 17-годишник, двајцата од Скопје, како и Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско и Н.Х.(32) од Велес. Приведени се затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.