Бродска несреќа: Најмалку 12 луѓе загинаа, десетици се водат како исчезнати во Конго
Објавено на:
Бродска несреќа: Најмалку 12 луѓе загинаа, десетици се водат како исчезнати во Конго
Најмалку 12 луѓе загинаа, десетици се водат како исчезнати, а 15 се спасени откако синоќа се преврте брод во езерото Киву, во источниот дел на Демократска Република Конго. На бродот имало повеќе од 50 луѓе, главно трговци со риби. Причината за несреќата сè уште не е утврдена. Бродските несреќи се чести во ДР Конго, бидејќи реките и езерата се главни транспортни рути за над сто милионското население на земјата. (МИА)