Автомобил излетал од патот во Струмичко – возачот е тешко повреден
Објавено на:
Автомобил излетал од патот во Струмичко – возачот е тешко повреден
Доцна синоќа во Полициската станица Струмица е пријавено дека на локалниот пат Струмица- с. Просениково, Струмичко, автомобил „фолксваген” со струмички регистарски ознаки, управуван од Б.П. (48) од Просениково, излетал од патот. Возачот притоа се задобил со тешки повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.