Постар гостиварец уапсен за кражба на облека
Објавено на:
Постар гостиварец уапсен за кражба на облека
Синоќа во населбата Ново Maало во Гостивар бил уапсен гостиварчанецот М.Т. (62), во врска со расчистување на кривично дело „кражба” извршено на 24 септември во продавница за облека во Гостивар. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.