ДЕНЕСКА Е ПРЕП. СИСОЈ ВЕЛИКИ: Човек ќе го стекне смирението кога ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси
Објавено на:
ДЕНЕСКА Е ПРЕП. СИСОЈ ВЕЛИКИ: Човек ќе го стекне смирението кога ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси
Денеска е 6 јули (по стар стил) и се слави Преподобен Сисој Велики. Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во…