Само што зел пари од банкоматот – сограѓанин му ги украл
Објавено на:
Само што зел пари од банкоматот – сограѓанин му ги украл
Во Кочани вчера попладнето бил уапсен кочанчанецот М.Ѓ. (60) поради дрска кражба. Тој му ги грабнал парите на Д.М. (54) од Кочани, откако овој зел пари од банкомат во близина на автобуска станица во Кочани. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти СВР Штип.