Шеснаесетгодишник во „голф“ во Арачиново тешко повредил млад мотоциклист
Објавено на:
Шеснаесетгодишник во „голф“ во Арачиново тешко повредил млад мотоциклист
Во Арачиново синоќа се случила тешка сообраќајка во која тешко бил повреден млад мотоциклист (17), откако бил удрен од „голф“ управуван од шеснаесетгодишник. Сообраќајката се случила на улица 1 во селото. И двајцата учесници во несреќата се од Арачиново. Повредениот мотоциклист бил пренесен во Хируршка клиника „Свети Наум Охридски“ (Стара Градска).