Струмичанец го нападнал татка си, им викал на другите домашни
Објавено на:
Струмичанец го нападнал татка си, им викал на другите домашни
Струмичанец бил уапсен ноќеска во 1 часот, откако бил пријавен дека во семејниот дом физички го нападнал татка си а покажувал агресија и кон други членови на семејството. Како што соопшти СВР Струмица, инцидентот се случил вчера. По апсењето Ѓ. Ч. (41) е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител.