„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите поставија пораки пред секоја од институциите
Објавено на:
„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите поставија пораки пред секоја од институциите
„Марш за ангелите“ по 47-ми пат низ улиците на Кочани – родителите на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“ повторно побараа правда, целосно утврдување на одговорноста и почитување на законите. Пред кочанскиот Основен суд, семејствата порачаа дека од судскиот процес не очекуваат пресуди под притисок, туку одлуки засновани врз докази, факти и закон. „Правдата за нашите деца не ја бараме од одмазда. Ја бараме од почит кон нивните животи и одговорност кон сите идни генерации. Никој не е…