НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е народниот херој Борка Талески, кој на 21 година бил предаден и свирепо убиен од бугарскиот окупатор
Објавено на:
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е народниот херој Борка Талески, кој на 21 година бил предаден и свирепо убиен од бугарскиот окупатор
На денешен ден е роден македонскиот народен херој Борка Талески, кој загинал за слобода на Македонија на 21-годишна возраст, откако бил предаден, а бугарската окупаторска војска свирепо го изрешетала. Борка Талески познат под партизанските имиња Црниот и Модерното е роден на 19 јули 1921 година, а загинал на 2 март 1942 на Плетвар во Прилепско. Тој е еден од организаторите на востанието против фашистичкиот окупатор што било дигнато на 11 октомври 1941 година во Прилеп. Борка е син на Спасија и…