Без вода утре улица во строгиот центар на Скопје
Објавено на:
Без вода утре улица во строгиот центар на Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека утре, среда, заради интервенција на дефект на приклучна цевка Ф-5/4 на ул. Лермонтова 16 во строгиот центар на Скопје, ќе има привремен прекин на водоснабдувањето на таа улица. Водата ќе биде сопрена во 8.30 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на работите.