Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
Објавено на:
Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
Билатералните разговори со Бугарија се без суштина и време е Брисел да фати столче на преговарачката маса. Со ова барање Владата ќе ја пречека Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која во петок пристигнува во Скопје. Премиерот вели дека нема комуникација со официјална Софија но дека Македонија сака да разговара. Во СДСМ се на ставот дека нема за што да се преговара. Според опозицискиот лидер власта измислува преговори бидејќи нема намера да го продолжи европскиот пат.…