Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
Објавено на:
Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
На 29.09.2026 во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.