Период на стабилно и топло време преку ден, температури под нулата ноќе и наутро
Објавено на:
Период на стабилно и топло време преку ден, температури под нулата ноќе и наутро
Во следните денови, под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе имаме период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени, со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Потоа, во дневните часови, времето ќе биде сончево и релативно топло.