Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
Објавено на:
Мицкоски: Владините мерки за поевтини горива ќе чинат над 100 милиони евра, можен втор ребаланс
Над 100 милиони евра ќе чинат владините мерки за поевтино гориво. Во државната каса се собираат помалку средства од акцизи и ДДВ па затоа премиерот најави уште еден можен ребаланс на буџетот до крајот на годината. -Очекуваме до крајот на годината да бидеме пократки 6-7 милијарди денари во однос на тоа што сме го планирале. Тоа нас ќе не чини како Буџет, според нашите пресметки, само по основ на акцизи некаде околу 5 милијарди денари, што за економија како нашата и буџет како нашиот е огромна…