Девојче се надишало чад – пожар во Карпош 4
Објавено на:
Девојче се надишало чад – пожар во Карпош 4
Во стан во скопската населба Карпош 4 вчера претпладнето избил пожар, кој за среќа завршил без жртви. Единствена последица е дека девојче (11) кое било во станот во моментите на пожар, се надишало чад и морало со Брза помош да биде префрлено во Клинички центар. Пожарот бил изгаснат од екипа Бригадата за противпожарна заштита.