Ферари му даде поддршка на Васер
Објавено на:
Ферари му даде поддршка на Васер
Ферари реагираше на сè погласните шпекулации за иднината на шефот на својот тим во Формула 1, Фредерик Васер. Уште од Големата награда на Шпанија на патеката „Мадринг“ почнаа да кружат сè поинтензивни гласини дека Французинот би можел да биде заменет. По интервјуто на Кристијан Хорнер, во кое Британецот рече дека работата во Ферари за него би била работа од соништата, бројот на гласини за иднината на Васер дополнително се зголеми. Ова не е првпат Васер да се поврзува со заминување од Ферари.…