Без вода задутре дел од центарот на Скопје
Објавено на:
Без вода задутре дел од центарот на Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека задутре, 3 октомври, поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. Димитрие Чуповски 24, ќе биде прекинато водоснабдувањето на корисниците на дел од истата улица. Водата ќе биде сопрена во 8.30 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на техничката интервенција.