Е.Пелистер го потпиша Французинот Саду Нтанзи
Објавено на:
Е.Пелистер го потпиша Французинот Саду Нтанзи
Македонскиот ракометен тим Е. Пелистер продолжува со засилувањата за тековната сезона и официјално го ангажираше францускиот ракометар Саду Нтанзи. Станува збор за 26-годишен среден бек кој пристигнува во Битола од германскиот бундеслигаш Мелсунген и потпиша едногодишен договор со битолскиот клуб. Нтанзи е производ на реномираната школа на Пари Сен Жермен, каде што помина четири сезони и освои четири шампионски титули во Франција, како и по еден Куп и Суперкуп. Тој ги има минато и сите…