НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Минаа 31 година, Фрчкоски и инспекторите се во пензија, остана мистерија кој се обиде среде Скопје да го убие Киро Глигоров?
Објавено на:
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Минаа 31 година, Фрчкоски и инспекторите се во пензија, остана мистерија кој се обиде среде Скопје да го убие Киро Глигоров?
Пред 31 година на 3 октомври беше извршен атентат врз тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. Тогашниот министер за внатрешни работи, а до неодамна амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски, поведе истрага, која се уште е отворена. Повозрасните се присетуваат на тоа време, и истрагата во која од гаражи и домови низ Скопје, беше собирана песок за анализа и споредба со таа во вреќите од „цитроенот“ во која беше експлозивот за атентатот…