Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
Оваа сторија ја покриваат 2 извори:
Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
Во СЦ „Борис Трајковски“ - Скопје, денеска со почеток во 9.30 часот ќе се одржи Централен меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година, под покровителство на Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, во рамки на настанот предвидено е кратки обраќања да имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
ОВИЕ ХЕРОИ СЕ ВЕЧНИ! Турнир во чест на загинатите бранители од 2001-2015
Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата - истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година. ...