Светнаа новите спортски игралишта во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола
Објавено на:
Светнаа новите спортски игралишта во ОУ „Гоце Делчев“ во Битола
Нов сјај во центарот на Битола. Светнаа рефлекторите во ОУ „Гоце Делчев“, кое доби нови модерни спортски училишни терени. Како што веќе информиравме изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Игралиштата се оградени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема, а од синоќа и осветлени. Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари. Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука. Определба…