Елмас: Мора да се кренеме од оваа бездна, бидејќи може да биде уште полошо
Објавено на:
Елмас: Мора да се кренеме од оваа бездна, бидејќи може да биде уште полошо
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас по поразот од Шкотска призна дека тимот одиграл под своето ниво и мора да извлече поуки од тешкиот период и да најде начин да се врати на вистинскиот пат. „Искрено, не знам што да кажам. Игравме многу лошо, реално многу лошо... Моментално тешко е да се зборува. Заслужено победи шкотската репрезентација и тоа е тоа. Тешко им е на сите играчи, а и мене ми е тешко. Треба да извлечеме поуки и да научиме од овој пораз. Седум натпревари, седум порази…