13-годишно девојче со ножи се заканувало на фамилијата, бабата ја пријавила во полиција
Објавено на:
13-годишно девојче со ножи се заканувало на фамилијата, бабата ја пријавила во полиција
На 18.07.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово, 72- годишна жена од Куманово пријави дека во нивниот дом, била физички нападната од нејзината 13- годишна внука, објави МВР во денешниот билтен. Исто така, според пријавеното, малолетничката упатувала и закани со остар предмет на пријавителката и на други членови од семејството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.