„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
Објавено на:
„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
Системот „Безбеден град“ наскоро ќе добие нова функционалност со која автоматски ќе може да открива мотоциклисти што управуваат без заштитна кацига, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од МВР информираат дека системот и сега регистрира сообраќајни прекршоци направени од мотоциклисти, а со следната надградба, преку примена на вештачка интелигенција, ќе може да препознава и дали возачот носи кацига. Новината беше најавена за време на посетата на Тошковски на фестивалот „Мото…