Откриено богато војничко погребување на архајската некропола кај Корошишта
Објавено на:
Откриено богато војничко погребување на архајската некропола кај Корошишта
Богато војничко погребување со штит, шлем, копја, меч и предмети од злато, бронза и килибар е најновото исклучително откритие на археолозите на архајската некропола Расница кај струшкото село Корошишта, со што дополнително се потврдува значењето на локалитетот за проучување на Охридско-струшкиот регион во VI век пред нашата ера. Националниот археолошки музеј денеска ќе ги презентира најновите резултати од археолошките истражувања на локалитетот, каде годинава е откриено богато војничко…