Лишен од слобода жител на дебарско село, запалил сува трева и предизвикал пожар
Објавено на:
Лишен од слобода жител на дебарско село, запалил сува трева и предизвикал пожар
На 04.10.2026 во 18:50 часот во дебарското село Бомово, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода го лишија В.М.(40) од истото село. Претходно било пријавено дека при чистење на неговата нива во атарот на селото запалил поголема количина сува трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3000 метри квадратни. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.