Мицкоски: Барањето за средба до Бугарија е испратено, одговор се уште нема
Објавено на:
Мицкоски: Барањето за средба до Бугарија е испратено, одговор се уште нема
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека македонската страна го испратила барањето за средба, по советот што го добил од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Тој вели дека го задолжил министерот за надворешни работи да побара средба со бугарската страна, но дека одговор сè уште не е добиен. Мицкоски, во меѓувреме, ја отфрли тезата дека по разговорот со Фон дер Лајен бил незадоволен од нејзините пораки или од застојот во евроинтегративниот процес. Напротив, тој…